Претходни записи:

» НЕПРОТОЛКУВАНИОТ СОН Е КАКО НЕОТВОРЕНО ПИСМО!

» ЉУБОВ

» БИСЕКСУАЛНОСТ

» ХОМОСЕКСУАЛНОСТ

» СО ПРАВИЛНО ТОЛКУВАЊЕ НА СОНОВИТЕ ДО ДУХОВНО СПОКОЈСТВО

» ШТО СОНУВАМЕ?

» СИМПАТИЈА

» САКАТЕ УШТЕ!

» ЕРОТСКИТЕ СОНОВИ - ИЗРАЗ НА ПОТИСНАТИТЕ ЖЕЛБИ И ПОТРЕБИ

» БЕЗ ЦЕНЗУРА

Листа на протолкувани сонови


Испраќач: Верче
Опис на сонот: Сонувам веќе 2-3 вечери како сум во врска со човек кој го имам видено само еднаш во животов тогаш кога го запознав. Се среќаваме и двајцата сме среќни што сме заедно се бакнуваме и се е така волшебно убаво, ја возев неговата кола, бевме на некое место насекаде околу нас имаше дрвја. Срдечен Поздрав
Толкување за сонот:

Драга ВЕРЧЕ, се` уште никој не открил како точно се раѓа љубовта. Претпоставувам дека тој механизам и никогаш нема да биде откриен.

Вие со вашиот сон ставате само едно камче во мозаикот на препознавање на љубовта која се раѓа. Се разбира кај вас.

Значи, љубовта е невиден магнет, непојмлив за тие што не сакале или што не научиле да сакаат.

За сонот. Тој човек, без обѕор колку пати сте го виделе или сте го запознале, ве привлекува, иако, за тоа воопшто не мора да бидете свесна. Најтопло ви препорачувам да преземете чекори за приближување кон него. Доколку успеете,ќе доживеете голема љубов. Ќе го досегнете седмото небо. И на внуците ќе им раскажувате како е таму!

Во меѓувреме, доколку сте во можност, прелистајте ја ОВАА КНИГА. Исклучително убави работи ќе научите што се поврзани со вашиот сон.

Срдечно!

187


Испраќач: marinka
Опис на сонот: Sonuvav kako deckoto me ignorira, go fakam so drugi, mi se smee vo faca i sl. Mu se nalutiv na krajoto od sonot i posle toa mi bese maka. Toa ke e :)
Толкување за сонот:

Драга МАРИНКА, стравот предизвикува слични сонови на вашиот. Вие сте, свесно или несвесно, уплашена да не го загубите човекот.

Кај некои луѓе таквиот страв не мора да биде предизвикан, на пример, од голема љубов. Вие, едноставно, сте личност која не е подготвена на никаков ризик. Ќе имате спокоен живот, бидејќи сте подготвена да се борите до крај за тоа што сметате дека ви припаѓа.

При изборот на сопатникот внимавајте да не одберете човек кој не ќе ја разбира таквата ваша карактерна особина. Проценувајте ги луѓето, особено партнерите, според себе. Тоа може понекогаш да е исклучително тешко, но вреди да се обидете.

Срдечно!

186


Испраќач: pentagram
Опис на сонот: bebinja nasekade, ne znam maski ili zenski.dopiram, baknuvam bebinja.
Толкување за сонот:

Драги ПЕНТАГРАМ, нови зафати ве очекуваат. Новите идеи што ве окупираат немојте да ги отфрлате без солидно, систематски и сериозно да ги разгледате. Меѓу нив (меѓу тие идеи) се крие и вистинската која ќе биде ваша животна определба и ќе ви овозможи пристојна егзистенција.

Која идеја од многуте што ги имате е вистинската ќе откриете, или потокму речено, самата ќе ви се открие, кога во сличен сон ќе видите какви се бебињата - машки или женски.

Таков и слични сонови на тема бебиња, ќе сонувате се` додека не ви успее да ја откриете тајната (идејата) на вашиот живот.

Сонувајте убаво!

Срдечно!

185


Испраќач: JAS
Опис на сонот: Cekam pred lift a vo meguvreme drzam pisma vo rakata vo koisto mi cestitaat matura. Potoa ja slavam maturata kade sto se raspravam so edna drugarka so kojasto poveke nemam kontakt i potoa ja fakam za gusa
Толкување за сонот:

Симболите во вашиот сон, драга ЈАС, иако во мошне краток сон (или само краток опис на сонот), се поволни. Обидете се да ги протолкувате на следниот начин: лифтот = брзо и лесно, матурата = созревање и давењето на другарката = ослободување од непријатност!

Инаку, вашиот сон е типичен од групата ситуациони.

Срдечно!

184


Испраќач: taa
Опис на сонот: site moi sonovi se povrzani so edna LICNOST ednostavno go ima vo sekoj moj son neznam sto e rabotata so nego bevme vo vrska pa toa zavrsi i sega sme sekoj po svoj pat posledno go sonuvav vo crna bluza kako sedi vo ucenicki klupi naokolu imase mnogu luge i me barase so pogled koga se sretnaa pogledite dolgo gleda vo mene no bez zborovi ve molam kazete sto znaci toa
Толкување за сонот:

Драга ТАА, очигледно е дека вие, свесно или несвесно, духовната врска со претходното момче сте ја задржале. Вие, се` уште сте со него!

Зошто е тоа така?

Тој ви оставил голем впечаток, а тоа не значи дека вие сте биле или се` уште сте вљубена во него. Едноставно, нешто ве допрело, а вие не сте свесна за тоа.

Но, ќе биде тешко да се ослободите од тие сонови уште некое време, а потоа се` ќе заборавите.

Доколку и во реалниот живот се навраќате така интензивно на минатото, не е добро за вашата психичка стабилност. Тоа постојано ќе ве дестабилизира, а ако потрае може да се случи никогаш повеќе да не се ослободите од тие слики.

Затоа, направете напор, колку и да е тешко, погледот да го свртите напред. Од минатото не се живее, а со него некогаш може да биде погубно.

Подреденоста на сликите во сонот, едноставно зборуваат за вашата сила дека тоа можете да го надминете и да се препородите во вистинскиот миг.

Мислете на тоа колку многу радост некому носите кога не сте оптоварена со грижи од минатото. Тоа ќе ви помогне набрзо да ја допрете среќата на шивотот.

Според народното верување ќе имате повеќе од едно дете!

Срдечно!

183


Испраќач: samojas
Опис на сонот: sonuvav kako sum sedela vo kola i vrnelo mnogu dozd.sum bila so nekogo ama ne znam so kogo prozorcite na kolata bile otvoreni i jas vo racete sum drzela crevo od koe tecelo voda i sum ja polivala kolata
Толкување за сонот:

За жал, драг мој САМОЈАС,повќе нема да одговарме на вашите сонови доколку не е есполнета договорената обврска, односно когс не е исполнета процеудурата.

Имено вие не сте ја навеле возраста, односно годинити.Жал ми е, но процедурата мота да се следи.

Срделно!

182


Испраќач: mimi
Опис на сонот: Vi blagodaram za tolkuvanjeto na minatiot son,se nadevam deka vaseto tolkuvanje ke se ispolni. Sekogas sonuvam mnogu cudni i dolgi sonovi sakam da ve prasam zosto e toa taka.Eve uste eden moj neprotolkuvan son.Sonuvan na 02.08.2007 na utro. Sonuvam kako sum vo trgovski centar i kupuvame,dojdovme do edna apteka da kupime nekakvi apcinja vo aptekata ja zdogledav koleskata na majkami i nejziniot sin koj e moj skolski, jas iskomentirav:dojdovme i vo crna gora i taa e tuka kako moze da bide vo sekoja apteka vo koja sme vlegle.Nejziniot sin stana dojde i se pozdravi so mene i pocna da me guska nekoe vreme stoevme tuka a potoa se najdovme na ulicata na koja ziveat babami i dedomi.Trebalo da se boram so nekakvo cudoviste jas sum imala mnogu golema sila sum se podelila na nekolku jas, koi se borele so cudovisteto a vistinskata jas samo sum upravuvala so mojata sila od strana.Go pobediv cudovisteto no seuste ne bese mrtvo i sakase uste da se bori so mene, togas povikavme nekoja zena koja bila glavna.Taa bese delimicno od kaj mene a delimicno od kaj nego vo eden moment cudovisteto sakase da ja pocne borbata no ne doceka da mu kazam da ne pocnuva zosto jas znaev deka ako uste ednas pocne borba so mene ke se slucat strasni raboti.Pocna no vo istiot moment pocnaa od neboto da pagaat ogneni streli koi unistija se,nego,zenata i mnogu drugi luge nastana krajot na svetot. Jas ne bev nitu cepnata zosto silata sto go napravi toa vsusnost me stitese mene.Pocnav da odam od kuka na kuka od manastir do manastir da baram preziveani luge ja najdov majkami i uste nekolku mina, odevme so camec zosto pokraj ognenite streli se sluci i potop.Glavnata zena koja ja povikavme imala sin, bese prezivean i bese vodno cudoviste so ogromni pipala i pobegnavme od nego zosto jas nesakav uste borbi.Dojdovme na kopno i od kolite koi ostanale sobiravme benzin za camecot i kolata so koi prodolzivme ponatamu. Vi blagodaram So pocit mimi
Толкување за сонот:

Драга МИМИ, „долгите“ сонови се карактеристични за определена психичка конституција. Ниви ги сонуваат луѓе со стабилен карактер и оние кои во реалниот живот, во определен животен период, бараат одговор на премногу прашања. Со вас, веројатно, се случува истото. Вие сте оптоварена со безброј животни прашања: егзистенција, љубов, секс, грижа за блиските, а сето тоа е поткрепено со вашето воспитување.

Многу често вашите соништа ќе бидат така долги и содржајни, а вие ќе научите да управувате со нив и да сонувате убави соништа од кои ќе се будите одморна и задоволна.

Многу е интересно тоа што во вашите соништа се јавуваат библиски сцени (или вие тоа го поврзувате со библиските настани?). Во секој случај, тие пак не` навраќаат на вашиот карактер, односно зборуваат за личност која не донесува брзи одлуки за кои подоцна може да жали.

На крајот,вие во моментов се двоумите, водејќи борба со донесување значајна одлука поврзана со љубовниот живот. Како и досега, и овој пат ќе ја донесете вистинската одлука која само ќе потврди дека исправно постапувате.

Срдечно!

181


Испраќач: spiderman
Опис на сонот: sonuvam kako lezam na krevetot i od site strani na sobata se spustaat pajaci, od koj eden ocigledno gi vodese drugite i site doagaa nakaj mene, nekako se izvlekov i izbegav od sobata.
Толкување за сонот:

Драг СПАЈДЕРМЕН, веќе во неколку наврати објаснивме повеќе сонови со истиот симбол. Би било коректно од ваша страна да ги прелистате нашите толкувања.

Сепак, ова е страница за внимателни посетители.

Но, еве уште еднаш, сосема накратко.

Пајакот е лунарен и ЖЕНСКИ знак и „нишка на човековата судбина“ определена од мајката творец.

Значи, иако не е експлицитно, вашиот сон е сексуален. Можеби е предизвикан од вашата оптовареност со спротивниот пол или од стравот што ве совладува пред жена? Сепак, вие тоа најдобро го знаете. Обидете се во таа смисла да направите мала рекапитулација на вашиот однос кон жените и, сигурен сум, одговорот ќе го пронајдете!

Срдечно!

180


Испраќач: Magi
Опис на сонот: Sonot kojsto go sonuvav bese prilicno dolg... Go sonuvav mojot bivsi decko... Bevme smireni i bevme ojdeni kaj mojata drugarka i se naogavme vo spalnata soba a taa bese vo drugata so nekoe drugo dete... Strasno se ljubevme i pocnavme da se soblekuvame i se sekavam deka vodevme ljubov... posle se sekavam deka vleze mojata drugarka, postelata bese celata obleana so krv i taa mnogu bese nervozna poradi toa i mi vikase kako ke mu vikala sega nejzinata majka...Smislivme da go stavi vo masinata za perenje alisa a na majka mu da mu kazi deka mi se slosilo i sum povratila na nego... Potoa sonot vednas se prefrli na podrugiot den kade sto se naogavme vo negoviot dom i povtorno pocnavme da vodime ljubov no togas dojde negoviot tatko od rabota i brzo se oblekovme i sednavme bozem igrame na kompjuter... potoa izlegovme i na patot gi sretnavme dva nasi skolski drugarki koisto ja ogovaraa mojata drugarka kaj koja bev prethodniot den i kazuvaa za nea deka bila ku__a i uste tolku mala imala sex ... togas se navrediv i pocuvstvuvav navredena i pocnav da se karam so niv kako ne se vo pravo... Potoa povtorno se prefrliv na sledniot den kade sto se naogavme so mojot decko vo mojata detska i povtorno vodevme ljubov..na toj den ne se sekavam nisto drugo... i povtorno se prefrliv vo sledniot den kade sto povtorno bevme kaj mojata drugarka vo istata spalna soba i povtorno vodevme ljubov no vleze mojata drugarka koja so mnogu visok ton mi rece: TI MORI KU_VO ZNAJS DEKA IMAM PROBLEMI SO MAJKA MI ZA OVIE RABOTI I PAK GO PRAJS TO KAJ MENE............ togas se razbudiv i koga stanav navistina se cuvstvuvav mnogu neprijatno... se nadevam deka ke mu kazete sto potocno znaci ovaj moj son i ubo ke mi objasnite ve molam...ocekuvam znacenje na sonot... BLAGODARAM p.s. ovaj son ne go sonuvav za brzo vreme...mozno e da pominale 2-3 nedeli zatoa sto duri sega doznav za ovaa strana a dodeka sum kaj nea moram da ve pofalam navistina se e besprekorno... Pozdrav
Толкување за сонот:

Драга МАГИ, не се сите сонови претскажувачки.

Бидејќи сонувате „долги“ сонови а сте на возраст кога зреете како личност и како жена, тоа укажува на вашата систематичност, воопшто во животот, на ладнокрвно размислување и спокојство при донесување на важни одлуки. Многу повеќе отколку што би се очекувало.

Многу интересен детаљ во вашиот сон е оној во сцената со крвта. Имено, девојките многу често се „навраќаат“ во своите сонови на мигот на дефлорацијата, иако тоа, во никој случај, не треба да биде трауматичен настан којшто ќе остави последици врз психичкото здравје на жената. Во секој случај, тоа се памети и во сонот често се репризира.

Вие, бездруго,треба да поразговарате со своите родители. Најдобро со мајка ви. И тоа - најотворено, за се што ве интересира во врска со сексуалниот живот на млада девојка. Впрочем, тоа ќе е од интерес за сите, а вам најмногу од полза.

Ми преостанува да ви кажам дека не треба да се грижите за својата состојба после сонот. Многу сонови се вознемирувачки.

Ви го препорачувам овој мал текст за внимателно читање. Ако не ви биде од полза, бидете уверена дека нема да ви наштеи. Исто така, прелистајте го нашиот СЕКСУАЛЕН СОНОВНИК и ќе бидете изненадена колку многу работи ќе ви се разјаснат.

Сонувајте убаво!

Срдечно!

179


Испраќач: KATE
Опис на сонот: Bev vo zadniot dvor od mojata kuka...i gledav vo dvorot na komsiite, vidov tamu eden kradec (ciganin) toj im kradese plodovi od nivnata gradina.....Jas se iznervirav koga go vidov toa.....i mu viknav cekaj jas sega koga ke ti dojdam...toj po4na da bega, a jas kladov nabrzina vlecki i istrcav vo predniot dvor kade vidov kaj komsiite malo tocace vo rozeva boja (so tri trkala-detsko)kradecot istrca tamu i se kaci na nego pocna da go vozi i neznam kako se najde vo mojot dvor toj pocna silno da kasla kako da se gusi i nekako so mimiki mi velese da mu pomozam....no jas nesakav oti mislev ako go storam to ke me fati za rakatano sepak kako i sekogas se sozalif imu vikav da neplanira nisto za da mi gi fati racete oti ke go ostam da se udavi...i koga sakav da ko potcuknam po grbot...toj mi ja fati rakata a jas pocnav silno da go tepam....i mu vikav deka toj nesmej nisto da kradi od kaj moite komsii ....za toa vreme dodeka se tepav majkami i braceda mi gledaa niz stakloto mn uplaseni.... ovaj son mi e od pred nekoe vreme no otkako go sonuvav...nemozam da go izvadam od glavata....
Толкување за сонот:

Многу ретко се случува на твоја возраст да се сонува толку интензивен, долг и систематизиран сон, драга КАТЕ!

Едно е сосема сигурно, ти прераснуваш во зрела личност и жена и тоа, побрзо од твоите врснички.

Во животот ќе бидеш заштитничка на послабите, а ќе се трудиш и да ја наметнуваш својата доминација.

А сега за главниот симбол во сонот - Циганот.

Според народната традиција ти ќе треба во животот да се вардиш од ласкавците. Спротивно - често ќе бидеш губитник.

Исто така, во љубовта ќе бидеш превртлива, но секогаш тоа ќе биде на твоја штета. Затоа, обиди се да бидеш одговорна спрема себе и своите постапки.

Срдечно!

178


1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 71 72 73 74 75 76 77 78 79 80 81 82 83 84 85 86 87 88 89 90 91 92 93 94 95 96 97 98 99 100 101 102 103 104 105 106 107 108 109 110 111 112 113 114 115 116 117 118 119

Taratur © 2007