Претходни записи:

» НЕПРОТОЛКУВАНИОТ СОН Е КАКО НЕОТВОРЕНО ПИСМО!

» ЉУБОВ

» БИСЕКСУАЛНОСТ

» ХОМОСЕКСУАЛНОСТ

» СО ПРАВИЛНО ТОЛКУВАЊЕ НА СОНОВИТЕ ДО ДУХОВНО СПОКОЈСТВО

» ШТО СОНУВАМЕ?

» СИМПАТИЈА

» САКАТЕ УШТЕ!

» ЕРОТСКИТЕ СОНОВИ - ИЗРАЗ НА ПОТИСНАТИТЕ ЖЕЛБИ И ПОТРЕБИ

» БЕЗ ЦЕНЗУРА

Листа на протолкувани сонови


Испраќач: nunko
Опис на сонот: Go sonuvav bratmi na nekrolog.Sto znaci toa?
Толкување за сонот:

Вашиот брат ќе биде голем човек! Тоа е народното верување.

Инаку, можеби кај вас има некој скриен сомнеж дека на вашиот брат нешто лошо може да му се случи, но тоа ништо не мора да значи!

Срдечно!

117


Испраќач: eLeNa
Опис на сонот: sonuvav kako sum na odmor vo edna golema kukja, koja sluzese kako odmaraliste,blisku do nekoe more ili ezero.Vo nea imase poveke luge, no ne vidov nikoj od niv vo sonot,iako znaev za nivnoto tamosno prisustvo, osven eden decko, koj mnogu mi se dopaga vo realnsta, a nemame nikakov kontakt(ne se poznavame licno).Toj e doktor po profesija,isto i vo sonot,i jas plivam vo vodata blisku do kukjata i se povreduvam, a toj doaga i mi pomaga.vo sonot toj isto taka osekja simpatii za mene,isto kako i jas za nego, no kako da ceka jas da go napravam prviot poteg da mu pristapam.Moze e taka i vo realnosta?Sto velite vie?na kraj pred da se budam sonuvam srchi, kako mi pagaat vo rakata.srchi od skrsena tegla(???)za celo vreme dodeka sonuvav, bese temnica i nokj vo sonot.Odnapred srdecno Vi blagodaram.
Толкување за сонот:

Вие сте посветена личност, драга ЕЛЕНА. Цел живот ќе сонувате за тоа што го посакувате, односно за тоа што во моментот ќе биде актуелно во вашиот живот.

Таквите сонови укажувааат дека сонувачот е здрава личност со реални желби и потреби. Притоа, таквите луѓе се задоволуваат со малку и затоа имаат стабилен, хармоничен и среќен живот.

Но, се прашувам: како мислите да заинтересирате маж ако тој воопшто не знае за вашата наклонетост, симпатија или љубов?

Преземете иницијатива. Нема да згрешите. А, нема да ви падне ни бисерот од челото ако тоа го сторите.

Срдечно!

P. S.

Баш би сакал да знам како ќе заврши сето тоа?

Поздрав!

 

116


Испраќач: karamelicka
Опис на сонот: se sonuvav kako da sum bremena veke sedmi mesec si go galuvav stomahot.i sum bila mazena so mojot decko
Толкување за сонот:

А, сте провериле дали навистина не сте бремена?

Проверете!

Сигурно ќе бидете мајка, но не така скоро. Таткото, сепак, самата ќе го одберете.

Срдечно!

115


Испраќач: AngelinaJolie
Опис на сонот: Сонувам дека треба да патувам некаде, а ни сама не знам каде и се појавува мојот бивши дечко, моментално има женска, и некако завршуваме заедно, но кога сфаќам дека треба да одам некаде, го оставам и се надевам дека ќе најдам друга личност таму каде што ќе отидам (тип во кој сум заљубена и до пред некое време бев во врска).
Толкување за сонот:

Минатото не може да се заборави. Барем, не потполно. Но, од минатото и со него не се живее!

Не можете никого потполно да поседувате. Исто така, никој не може вас потполно да ве поседува. Затоа завртете се кон иднината и вашите сонови ќе се променат. Ќе сонувате поведри темеи.

Очигледно, вам ви е потребен партнер кој ќе се труди, барем малку, да ви го покажува патот. Наскоро ќе го пронајдете и ќе бидете среќна повеќе отколку што очекувате. Само, внимавајте при потрагата - можете да паднете во замка од која тешко ќе излезете. Добро размислете кому ќе му го подарите вашето срце?!

Срдечно!

114


Испраќач: roel
Опис на сонот: Ova ne e samo eden son Sakam da se obratam do Vas bidejki postojano sonuvam slicni sonista, postojano go sonuvam mojot brat koj eumren pred nekolku meseci a na sonovite na koj go sonuvam ne mozam da sesetam deka e mrtov,isto taka sonuvam mnogu luge kako sedat jadat i pijat, a vo posledno vreme sonuvam zracenja i kako baram lek za tumori,posledno sonuvav kako prtrbase da napravam studija za tumur(rak) na zeludnik zaedno so moi prijateli ama ne napraviv ne bev podgotven a vo sonot nejasno mi se pojavuvase povtorno bratmi. Vi blagodaram izvinite sto ne sum dovolno konkreten, no takvi se i moite sonista.
Толкување за сонот:

Да, соновите понекогаш се нејасни, само во најава, а наши се.

Вие сте прврзан човек. Вам зборот повеќе ви значи отколку каква била друга форма. Човек сте со личен дигнитет. Дури, повеќе од потребното.

Тоа што го гледате починатиот брат е само потврда на вашата приврзаност кон блиските. Но, и нормален, човечки одраз за тагата предизвикана од личната загуба. Интензитетот на тие сонови со време ќе спласне. На мртвите се сеќаваме, а живите треба да продолжат. Одговорноста не се однесува само кон нас самите, ами и кон оние на кои им е потребна нашата помош.

Излезот од вознемиреноста што ја чувствувате после таков сон, исто така, е сосема нормална. Само со поголемо ангажирање во професијата или на работното место, вие ќе успеете да му се вратите на нормалното живеење, а тагата и болката заменете ги со радостите на секојдневниот живот.

Срдечно!

113


Испраќач: Zlaten_Dab
Опис на сонот: Вчера сонував како бегаме низ една шума бевме околу 8души а од нив ги знаев само мојата бивша и еден мој другар другите прв пат ги гледав.И цело време бегавме а никој не знаеше од што бегаме и кога и да дојдовме на два пата јас секогаш се карав со мојата бивша на која страна да тргнаме јас велев на едната таа на другата.И одеднаш се најдовме пред една врата а бевме само јас мојот другар и мојата бивша и таа го турна на него внатре а ме задржа мене надвор и прв пат прозборивме во сонот без да се караме и потоа се бакнавме на француски начин и се разбудив. Може ли да ми кажете што значи тоа и ме интересире конкретно за неа дали ке имаме повторно нешто или???
Толкување за сонот:

На луѓето им е судено да избираат. Најчесто, меѓу две можности. Така и вие. Исправен сте пред дилема кој пат да фатите! Но, не очекувајте помош од другите во решавањето на дилемата. Решението е во ваши раце.

Се поведувате по примерот на луѓето кои ви се блиски. Не сакате да си ги признаете грешките од минатото. Тоа ве спречува да бидете поуспешен во иднината.

Очекувајте порази доколку не си ги признаете грешките, а од нив не извлечете поуки.

Луѓето од минатото нема да ви помогнат. Вие сите сили треба да ги насочите кон иднината.

Минатото не се враќа, а иднината треба да се живее!

Изборот е ваш!

Срдечно!

112


Испраќач: Mraz
Опис на сонот: Sonuvav edna reka..jas na edniot kraj a edna licnost,neznam koja,na drugiot kraj.Pocna da se menuva vremeto,i se naokolu izgledase kako naucna fantastika,nekoe neverojatno razdvizuvanje vo neboto,letaa nekoi cudni geometriski prozirni formi od koi poseben vpecatok mi ostavi edna ogromna prozirna kocka koja se dvizese bavno po prekrasnoto sinilo na neboto.I naednas rekata celata se zamrzna,posakav da pominam preku mrazot no prvo udriv so rakata i mrazot se skrsi.Licnosta od drugata strana trgna nakaj mene po mrazot.Na sredina od rekata mrazot se skrsi i taa licnost padna vo rekata.Se razbudiv voznemirena.
Толкување за сонот:

Симболите во вашиот сон укажуваат на голема осаменост која ја чувствувате подолго време. Се однесува на личната осаменост, осаменоста во мислите и интимата, а не во физичкото присуство на други луѓе во ваше друштво.

Современ проблем на современиот човек. Особено во големите градски средини.

Тој проблем влијае и на вашиот капацитет на сите полиња на животот. Особено во професионалниот ангажман.

Ако потрае, очекувајте непријатности и на работното место. Со малку повеќе напор ќе ги надминете.

Основно е дека треба да поразговарате самата со себе! Можеби премногу барате од другите?

Помош ви е неопходна од пријател кој ја разбира вашата состојба. Не ја избегнувајте подадената рака. Човекот не е создаден да живее сам и во осаменост.

Геометриските форми укажуваат на вашата систематичност, но мора да сфатите дека сите луѓе не се исти и не се како вас!

Срдечно!

111


Испраќач: trajco
Опис на сонот: mojata bivsa so koja dolgo vreme ne sme zaedno me povikuva vo bolnica da mi kaze deka rodila bebe i deka e od mene, a ne sum so nea vekecela godina, go vidov bebeto i bese celoto deformirano i voopsto ne licese na covek, i uporno vo sonot dokazuvav deka bebeto ne e moe.
Толкување за сонот:

Заостанат страв во вашата потсвест дека навистина може да дојде до несакана бременост.

Во секој случај, вие сте одговорен човек, дури повеќе отколку што е потребно.

Такви сонови ќе ви се повторуваат се` додека не се стабилизирате во семејство, кадешто ќе се чувствувате сигурно.

Вам ви е потребна партнерка која ќе им одговара на вашето традиционално воспитување и на желбите во животот да не се трча по авантури.

Вие сте создаден за мирен семеен живот.

Срдечно!

110


Испраќач: zoka
Опис на сонот: pozdrav do vas sakam da mi kazete zto znaci ovoj son.Stojam na balkonot i odednas padnav i si go skrsiv predniot zab.Osetiv bolka i koga se poglednav vo ogledalo zabot bese iskriven i tecese krv go fativ so raka i izvadiv pola zab drugoto parce ostana.Ve molam kazete mi sto znaci.Pozdrav i prijaten den.
Толкување за сонот:

Драга ЗОКА, вие сте несвесно уплашена од неминовното отчукување на биолошкиот часовник. Вашиот сон е сексуален, односно, е поврзан со стравот дека интензитетот на вашиата сексулност опаѓа.

Некои работи во животот се случуваат само еднаш. Вие сте оптоварена со својата желба убавото вечно да трае. Но тоа не е можно! Животот е составен од многу болка, тага и суровост испреплетен со понекое зрнце радост. Вие, барајќи го каменот на мудроста ги пропуштате приликите кои ви се укажуваат да ја доживеете вистинската среќа. Обидете се да уживате во мигот, а не постојано да ја очекувате „големата и вечна среќа“!

Според народното верување сцената со забот е дека треба да очекувате некој близок да ве повреди. Друг, пак, сака неоправдано да приграби од вашиот имот.

Срдечно! 

Срдечно! 

109


Испраќач: masturbator
Опис на сонот: Se kacuvam pozadi kukja po skala za da vidam kolona mravki kade idat, stom se kacam pocnuva da vrne i se otvara prozorot od spratot. Nakisnuvam i ne gi naogjam mravkite od kade idat vnatre.
Толкување за сонот:

Очекувајте извесна добивка од чесниот труд.

Од друга страна, искачувањето укажува на вашите нереализирани сексуални желби. Проблемот е во недоволната организираност на вашиот интимен живот. Пропустите што сте ги направиле во минатото денес го наплаќаат својот долг.

Морате да изградите сопствен систем на планирање на иднината без да се потпирате на туѓа помош. Време е да започнете со остварување на животните планови кои сте ги подзаборавиле.

Дури и плановите кои ви изгледаат тешки за остварување се подобри отколку да немате никаква визија за сопствената иднина.

Значи, потребна ви е стабилизација на животот. Дури тогаш во сонот ќе откриете каде одат мравките. А тоа ќе ви помогне да го заземете вистинскиот курс во животот.

Срдечно!

108


1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 71 72 73 74 75 76 77 78 79 80 81 82 83 84 85 86 87 88 89 90 91 92 93 94 95 96 97 98 99 100 101 102 103 104 105 106 107 108 109 110 111 112 113 114 115 116 117 118 119

Taratur © 2007