Претходни записи:

» НЕПРОТОЛКУВАНИОТ СОН Е КАКО НЕОТВОРЕНО ПИСМО!

» ЉУБОВ

» БИСЕКСУАЛНОСТ

» ХОМОСЕКСУАЛНОСТ

» СО ПРАВИЛНО ТОЛКУВАЊЕ НА СОНОВИТЕ ДО ДУХОВНО СПОКОЈСТВО

» ШТО СОНУВАМЕ?

» СИМПАТИЈА

» САКАТЕ УШТЕ!

» ЕРОТСКИТЕ СОНОВИ - ИЗРАЗ НА ПОТИСНАТИТЕ ЖЕЛБИ И ПОТРЕБИ

» БЕЗ ЦЕНЗУРА

Листа на протолкувани сонови


Испраќач: sonuvac
Опис на сонот: pred nekoe vreme sonuvav nekoi ukrasi vo vid na lebedi se prodavaat vo trafikata vo moeto maalo lebedite bile postaveni na polica gi imalo mnogu i se vo plava i rozeva boja od ubava fina sjajna keramika. a vcera sonuvav kako se naogam vo eden dvor ubavo ureden so ubava zelena treva i vo nego bea postaveni mnogu znaminja. me interesira znacenjeto na bela kosula sto znaci na son. prethodniot pat mi rekovte deka prakam se isti sonista t.e deka nosat isto znacenje jas znacenjeto na sonistata ne go znam pa zatoa e taka da go znam nema da prakam fala odnapred.
Толкување за сонот:

Ние само се обидуваме да ви кажеме дека не секогаш соновите нешто значат или претскажуваат. Тие, најчесто, повеќе зборуваат за моменталната емоционална и ментална состојба на сонувачот.

Но ако веќе сакате, ќе ви кажам дека белата кошула значи зет во семејството.

Лебедите во една стара руска сонувалка се сватови. Покрај тоа, лебедите симболизираат дека невестата ќе влезе во благородничко семејство и ќе биде гордост во новата средина.

Срдечно! 

777


Испраќач: кики_ох
Опис на сонот: Сонував како поминувам по улица и поминува камион со војници во кој бил и мојата симпатија(има девојка во реалност).Кога помина камионот некој од војниците ме фати за нога и тој станал и се налутил и му рече зосто ја чепкаш таа ми е девојка.Налутено ме погледна и ми рече зошто не му кажиш,јас се насмеав и му реков дека тој треба да му каже. Однапред ви благодарам.
Толкување за сонот:

Драга КИКИ, во вас зрее сознанието дека вашиот партнер е малку повеќе од вообичаеното љубоморен. Но тоа да не ве загрижува затоа што со тоа го истакнува големото значење на вашата врска. Ваша обврска е почесто и поочигледно да му покажувате дека и тој вам ви значи.

За жал, понекогаш таквите ситуации можат да заземат и неповолен смер па љубомората на едиот партнер да ја задуши нормалната љубов меѓу двајца кои, навидум, имале перспектива.

Според сонувалката вас ве очекува познатство со маж кој недвосмислено ќе ги изрази своите љубовни чувства кон вас,

Срдечно! 

776


Испраќач: 26
Опис на сонот: sonuvav deka edna mlada zena so mnogu dolga kosa dosla kaj mojata sosedka i gledala na kafe i jas sum otisla i mene mi gledala ot toa nisto ne sum zapamtila no samo pamtam deka od 3 zelbi sto sum gi zamislila pamtam samo za edna zelba zelbata mi bese da ziveam nekade vo stranstvo a ovva sto gleda za zelbata mi reci deka na pocetokot nogu tesko ke mi bide nogu ke kopam nogu treba da se porudam a posle ke dojde eden bran i mnogu lesno ke mi bide
Толкување за сонот:

Желбата да живеете во странство ќе ви се исполни. Условот за тоа е редовно исполнување на сегашните обврски и дополнителен напор вашите квалитети да ги забележи околината. Потоа, кога ќе бидете во странство, многу брзо ќе станете  почитувана личност во средината но секопгаш ќе сакате да се вратите назад. Це мислите дека сте погрешиле што сте заминале. Сага се` уште имате време за тоа да размислите и својата енергија да ја насочите во друг правец. Кога еднаш ќе одлучите што ќе правите со себе, работите многу побрзо и полесно ќе се одвиваат.

Срдечно! 

775


Испраќач: 07101992
Опис на сонот: sonuvav kako se tepam so edno cigance malo,dodeka go mavav pocna da mu tece krv od rakata i nosot. Sto moze da znci ova???
Толкување за сонот:

Многу ќе се израдувате на подарок што не сте го очекувале. Подарокот ќе биде заслужен.

Срдечно! 

774


Испраќач: emili82
Опис на сонот: sonuvav kako pocnala vojna i gledav o karsi mojata zgrada istreli so ogan,pagaa grankite od drvata i site begavme nadole zimavme koj sto moze,od edni skali majka mi mi frlase nekoi alista,bese mnogu strasno,podocna se sekavam kako bev kaj cicko mi i se javuvav na tel na eden drugar da prasamkakva e situacijata kaj nas zasto sakav da se vratam nazad kaj nas doma mi bese tesko sto ne sum so moite,odednas pominaa nekolku avtobusi,edniot bese poln se svatovi se spremase svadba i slusnav nekoja muzika i gledav,a pritoa svesnosakav da se vratam kaj moite i neznam kako voopsto se najdov tamu,predhodno znam bev na edna rampa izlegov od kola cekavme da pomine vozot i da odime nakaj kukata na cicko mi i tamu po pat gi sretnav avtobusite.posle se razudiv
Толкување за сонот:

Вашиот сон е предизвикан од секојдневието, кое многу често заликува на вашиот сон.

Доколку верувате во традиционалното толкување тогаш, ве очекува голема семејна веселба во која главна актерка ќе бидете самата вие. Но во мигов кај вас постои внатрешна борба која сега за сега не сте во состојба да ја решите. Ви предлагаме пред да ја донесете одлуката да оставите работите да мируваат кратко време, а потоа решението самото ќе ви се покаже. Но не смеете премногу да одолговлекувате.

Срдечно! 

773


Испраќач: JAS
Опис на сонот: Sonuvav kako cistam doma i na edno ima mesto mnogu mravki i mestoto go iscistiv..potoa tie mravki se naogaat vo edno parce meso.Mesoto go frlam vo toalet i ne mozam da pustam voda za da otide i kako sto pustam voda od toaletot izleguva ogromna riba...Blagodaram
Толкување за сонот:

Многу често ви се случува вистинските вредности да не ги препознаете веднаш. Во контекстот на сонот тоа се вредните мравки. Морате многу повеќе да го цените трудот на другите членови на семејството. Спротивно, ќе ги нарушите односите во него, особено со помладите членови.

Срдечно! 

772


Испраќач: eli
Опис на сонот: sonih kak sum u bolnica i rodiv masko dete ama umreno bilo i ne mi dadea da go vidam odma posle nego rodiv zensko ubava momicka i mi ja dadea da ja drzam. posle sum ja ostavila i su7m otidela da kazam na mojti roditeli oni ne sakale da govoram pred narodo oti ne sum bila mazena a sum rodila . I posle nekoe vreme vidov kako krv mi tecee od mene.I mi tekna oti momickata e gladna i trgnav da ja baram da ja naranam i se razbudiv. Odnapred vi blagodaram.
Толкување за сонот:

Драга ЕЛИ, останува нашата оценка дека вие сте мошне одговорна личност која може да го изнесе товарот на обврските.

Инаку, такви сонови сонуваат сите жени на ваша возраст. Тие сонови траат се` додека жената потполно не се реализира, односно додека не роди. Нивниот интензитет се наголемува пред забременување и пред породувањето.

Според традиционалните толкувања, сонот ве потсетува дека вашите идеи се созреани за реализација, но, исто така, дека вие сте прд дилема на која од двете идеи да и` дадете предност. Тука никој не може да ви помогне освен вие самата. Донесете одлука поскоро, бидејќи времето не е на ваша страна.

Срдечно! 

771


Испраќач: deen
Опис на сонот: Vi blagodaram za protolkuvaniot son:).I sakam da mi go protolkuvate i ovoj sto go sonuvav ova utro.Se naogame jas i brat mi vo nekoja si spalna soba i odednas poglednuvam vo nego koj e na 2-3m odalecen od mene a toj e celiot oblecen od glava do petici vo nekoja si nova garderoba i poglednuva vo mene, mnogu nasmean i sreken i kako da mi veli kako ti se sviga mojava obleka.Jas isto taka so nasmevka go gledam i mu velam stvarno super ti stoi.I odednas se poglednuvam sebesi oblecen vo nekoi novi parcina obleka,ama mnogu bez vrska iskombinigani,t.e. smesni :);bluzon vrz kosula,nekoi si sareni pantaloni,smesni patiki.Vo edno nasmean i zasramen poglednuvam vo brat mi,a toj se kine od smea i mi veli aj ne zaebavaj zarem toa ke go nosis, zagledan vo negovata nasmevka i se razbudiv.A brat mi e postar od mene 8 godini i mnogu go sakam.Blagodaram
Толкување за сонот:

Ќе ви се исполнат некои долгорочни планови. Како јасно претчувство сонот се однесува и на статусот на вашиот брат со чиј напредок во кариерата искрено ќе се израдувате.

Срдечно! 

770


Испраќач: didi
Опис на сонот: sum sonuvala deka se vozev so brod vo more vo cista voda i sam se upravuveshe brodot
Толкување за сонот:

Драга ДИДИ, сонот сте вие самата: хармонизирани чувства, достигнати вредности во животот, реализирана личност.

Сепак, тој најмногу и најубаво го отсликува вашиот сексуален живот во кој сте успеале да ги реализирате своите најлуди мечти и желби. Но, тој ве предупредува и на растечката опасност сето тоа да биде дестабилизирано со тоа што ќе впловите во водите на рутината. Премногу сте млада за да и се препуштите на едноличноста која кога еднаш ќе ве зграпчи тешко дека ќе ве напушти.

Значи, не препуштајте му се премногу на достигнатото задоволство од животот, ами направете чекор повторно да го разбудите животот во вас.

Срдечно! 

769


Испраќач: 12345
Опис на сонот: sonuvav kako odam na soping za cevli da si kupam,probuvam vo mnogu dukani,potoa fatila nekoja oluja i ne sum mozela da si pojdam doma,nadojdelo mnogo matna voda vo reka i nemozevme so drugarkami da gomineme preku mostot,itn.pozdrav
Толкување за сонот:

Ако прошетате по соновников ќе забележите дека многу жени на ваша возраст сонуваат ист сон како вашиот. Исто така, ќе го дознаете толкувањето.

Накратко, сонот е во врска со вашата сексуалност, а се однесува на вашите нереализирани сексуални желби. Сметаме дека самата ќе можете да изнајдете правилно решение, но тоа е директно поврзано со изборот на вистинскиот партнер. Тој треба да има разбирање за вас, а тоа значи дека вам ви е потребен човек со изразено нежна душа, човек кој ќе знае да ве сослуша. Всушност, тоа е потрагата по вашата среќа која вие треба да ја направите. Не избрзувајте, имате доволно време да го направите вистинскиот избор.

Срдечно! 

768


1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 71 72 73 74 75 76 77 78 79 80 81 82 83 84 85 86 87 88 89 90 91 92 93 94 95 96 97 98 99 100 101 102 103 104 105 106 107 108 109 110 111 112 113 114 115 116 117 118 119

Taratur © 2007