Претходни записи:

» НЕПРОТОЛКУВАНИОТ СОН Е КАКО НЕОТВОРЕНО ПИСМО!

» ЉУБОВ

» БИСЕКСУАЛНОСТ

» ХОМОСЕКСУАЛНОСТ

» СО ПРАВИЛНО ТОЛКУВАЊЕ НА СОНОВИТЕ ДО ДУХОВНО СПОКОЈСТВО

» ШТО СОНУВАМЕ?

» СИМПАТИЈА

» САКАТЕ УШТЕ!

» ЕРОТСКИТЕ СОНОВИ - ИЗРАЗ НА ПОТИСНАТИТЕ ЖЕЛБИ И ПОТРЕБИ

» БЕЗ ЦЕНЗУРА

Листа на протолкувани сонови


Испраќач: Девојка
Опис на сонот: Сонував како сум била на гости кај некои луѓе,кои во вистинскиот живот воопшто не ги познавам.Сум требала да преспијам кај нив,и сум водела љубов со човекот додека неговата жена спиела во истат соба на друг кревет.
Толкување за сонот:

Драга ДЕВОЈКО, како што рековме, жените многу почесто од мажите сонуваат експлицитни сексуални ситуации со анонимен маж. Најчесто тој е многу згоден, сензуален партнер, на кого не можете да му ги препознаете ни цртите на лицето или воопшто не му го гледате лицето (како во вашиот сон). Но тоа не ви пречи да уживате и да постигнете максимално задоволство и неверојатен оргазам.

Отприлика, така изгледа, а жените што сонувале таков сон го опишуваат на тој начин.

Значи, вие сте сонувале еден од најчестите женски сни.

Значењето на овој сон е мошне едноставно: вие посакувате секс без компликации, во неговата сурова, животинска форма. Сакате секс без одговорности и без обврски. Всушност, тој ве претставува вас самата, она што вие би сакале да бидете. Освен тоа, бидејќи соновите често се компензација за она што не го добиваме додека сме будни, овој сон може да ја искажува и вашата желба за повеќе мистерија во врската што ја имате, а помалку рутина.

Клучот за решението е во вашите раце!

Срдечно! 

367


Испраќач: Фројнд
Опис на сонот: Сонував како одам по некој пат,и наеднаш двајца мои другари паѓаат во некоја дупка,едниот ќе почини а другиот бил повреден.Јас сум гледал само од страна ама не сум можел да им помогнам.
Толкување за сонот:

Драги ФРОЈНД, ве очекува материјална загуба, но и успех во кариерата!

Срдечно! 

366


Испраќач: dule
Опис на сонот: Ми се има десенo во сон како возам кола, и од еднаш ми текнува како сум зборел во јава со 1 другар дека во сон доаѓа реално кога возиш кола и од тој момент ми текна дека сум во сон. Застанав од колата излегов и на тие со мене им кажував дека ова е сон и дека нив ги сонувам, ама добив само контрола врз себе а не врз околината и луѓето, така да не ми обраќаја внимание. Така по кратко време радување дека сум во сон, почна околината да се менува сама и се почна да се распаѓа, така 1 воз почна да ме брка надвор од шини, и ја се нервирав дека не ме остава на раат да доистражам и бегав, се качив на нешто ко резервар за вода, ама возот почна да скока по мене, и натамо не се сеќавам или ми завршил сонот.
Толкување за сонот:

Сон примерен за вашата возраст кога ги истражувате вашите телесни способности. Пред се`, сексуалните. Мислам дека извесна доза нереален страв се притаил во вас, а предизвикан е од жената. Набрзо ќе сфатите дека тој е навистина нереален и потполно ќе можете да им се препуштите на уживањата со партнерката.

Срдечно! 

365


Испраќач: 32988
Опис на сонот: sonivav cuden son,kako sum otisol kaj moj drugar da zemam nekoja droga za nekoj drug drugar,pa kako nekoj od negovite ne videl i slicni raboti malce mi bese nejasen sonot.inace vakov son sonuvam prv pat.pozdrav
Толкување за сонот:

Вашиот сон е непреработен остаток од реалниот живот кој останал запретан во вашата потсвест. Не е сон што претскажува, освен дека треба да се вардите од искушенијата пред пороците. Дрогата е еден од најголемите, а вашата љубопитност е уште поголема.

 Срдечно! 

364


Испраќач: panda
Опис на сонот: Mnogu vi blagodaram sto dosega mi gi imate protolkuvano, site sonovi, inaku kako eden vid prasanje e toa sto mislam deka sekoja vecer, moze da se kaze i sekoja 2ra, jas sonuvam sonovi i gi pametam utredenta, a sega za sonot, sonuvav kako so sestrami,koja zivee vo stanstvo, sme setale niz grad, potocno niz trgovski centar, sma kupuvale nesto, i odednas, pocnala da ne brka panda niz gradot, pandata bese kafena, a ne crno bela, kako sto treba da bide, mislam deka bese panda, no ne sum 100% sigurna, nie i izbegavme, i tolku pametam, pozzz, falaa uste ednas:))
Толкување за сонот:

Драга ПАНДА, сонот е, бездруго, предизвикан од копнежот по сестра ви.

Мечката е симбол на воинственост и примитивна сила. Пандата, пак, во културите каде што е домородна е симбол на силината на убавото и искреното.

Во повеќе други соновници се толкува како претскажување на добивка или примање вреден дар. Но, исто така, некои надежи нема да ви се исполнат.

Срдечно! 

363


Испраќач: macki
Опис на сонот: sonuvav macki,kako sedat vo mojot dvor, bea vo site golemini i po boja, kafeni, zolti, beli, crni i sareni.(jas inaku doma imam 3 macinja, ama vo sonot ne bea moite macki).Mackive bea vo kupcinja sobrani, okolu 5-6 kupcinja, a vo niv macki okolu 5, mislam i site macki vo kupceto bea vo razlicna boja.Mackite sedea vo treva i samo me gledaa, ve molam objasnuvanje, falaa :))
Толкување за сонот:

Мачките се интересен симбол во сонот. Таа е синоним за итроумност, способност за пребразба, интелигенција, претпазливост сетилна убавина, но и на женската злоба. Од друга страна, сите овие атрибути поврзани со мачката во различни култури најразлично се толкувале.

Според старото македонско верување, ве очекува голема измама! Отворете си ги очите!

Срдечно! 

362


Испраќач: mari
Опис на сонот: Sonuvav kako na nepoznato malo dete(vo sonot bese dete na gazdata kaj sto rabotam) mu davav leb da jade. Potoa dojdoa uste i cetvorica moja vozrast sto gi poznavam i im dadov i nim, a jas ne jadev.
Толкување за сонот:

Драга МАРИ, ве очекуваат големо богатство и среќа во животот!

Во сите познати сонувалки вашиот сон е протолкуван на ист начин.

Срдечно! 

361


Испраќач: 123456
Опис на сонот: zelezni porti kako se otvaraat kako od kovano zelezo so pozlateno nesto po toa kako gluposti nekoi kako mi kazale deka majka mi pocinala a ona si e ziva na jave, pa ne sum veruvala pa se razbudiv so macnina nekoja i cel den mi e tesko na dusata nesto
Толкување за сонот:

Понекогаш и после убав сон може да чувствуваме нелагодност. Кај вас таа нелагодност ја предизвикало тоа што сте ја виделе мајката во таква сцена. Но, тоа не значи ништо.

Главниот симбол ва во вашиот сон е железната позлатена порта: ќе влезете во нов период на животот.

Според асирската сонувалка ќе се омажите (ако не сте мажена) во добро семејство!

Срдечно! 

360


Испраќач: spanka
Опис на сонот: najprvin zdravo :) cesto sonuvam,a sakam da prasam za ovoj son:jas i soprugot na odmor sme bile i se vrakame so kola,jas,toj i edno drugarce na zadnoto sediste.drugarceto od dzebot izbadi belo glufce i go stavi na prozorot do mene,vo toj moment glufceto padna i duri gi slusnav zvucite na krsenje na koskite na glufceto.zastanavme so kolata i pocnavme da se kacuvame po eden rid,soprugot otide a jas i drugarceto seuste vo podnozjeto na ridot,koga ja vidov levata raka(inaku levak sum)celata izbockana so trnje,pocnav da gi vadam trnovite i vo toj moment vidov kako mi raspuka noktot na palecot...togas se razbudiv. vo sonov ima mnogu elementi i nikako nemozam da go protolkuvam,se nadevam ke mi pomognete :) blagodaram odnapred
Толкување за сонот:

Драга ШПАНКА, голема грижа ќе се симне од вашите плеќи! Проблем кој подолго ве измачува, конечно, ќе биде решен. Со малку трпение од неговото решавање ќе извлечете неочекувана полза, а тоа позитивно ќе се одрази на вашата здравствена состојба и воопшто на односите во семејството!

Срдечно! 

359


Испраќач: vesna
Опис на сонот: sonuvav kako vozam avtomobil no avtomobilot bese mnogu golem a jas mala i edvaj dostignuvav do pedalite, bev legnata na sedisteto
Толкување за сонот:

Драга ВЕСНА, и вашиот сон е од групата сексуални. Сосема нормално. Вие сте фасцинирана од сексот кој, во некои негови елементи, ви изгледа недостижен.

Тогаш кога ќе сфатите дека сте ги достигнале педалите, а во автомобилот ќе се чувствувате пропорционално значи дека сте постигнале сексуален баланс со својот партнер. Треба да продолжите со барањето соодветен партнер.

Срдечно! 

358


1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 71 72 73 74 75 76 77 78 79 80 81 82 83 84 85 86 87 88 89 90 91 92 93 94 95 96 97 98 99 100 101 102 103 104 105 106 107 108 109 110 111 112 113 114 115 116 117 118 119

Taratur © 2007